2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоботите претставуваат опасност за нашите работни места!

Роботите претставуваат опасност за нашите работни места!

covek vs robot

Сообраќајци, брокери и трговци на автомобили можат да бидат заменети со напредни интелигенти роботи во следните 50 години, вели водечкиот британски експерт д-р Меги Адерин-Покок.

Д-р Адерин-Покок анкетираше 2.000 лица за целите на своето истражување за ставовите на сонародниците кон автоматизацијата. Учесниците во нејзината анкета требало да одговараат на прашање, вработените во кои области најверојатно први ќе бидат заменети од роботи.

Речиси 65 проценти од учесниците изјавиле сообраќајци, 40 проценти – брокерите и 33 проценти – дилерите на автомобили. Општо земено 48 проценти од испитаниците одговориле дека технолошкиот напредок ги тера да се плашат за својата професија.

covek vs robot1

Речиси една четвртина од учесниците во анкетата признале дека роботот би ја вршел нивната работа подобро и од нив. Експертот исто така, предвиде дека освен во областите на услугите, во не толку далечна иднина, грижата за постарите луѓе, исто така, ќе биде превземена од роботи.

Д-р Меги Адерин-Покок вели дека развојот на технологијата во овој век ќе продолжи со вртоглаво темпо, што ќе им овозможи на машините да се одделат од научната фантастика и да најдат место во човековото секојдневие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП