
„Peugeot“ објави нови фотографии од моделот „308 GT“ заедно со некои нови детали за овој модел.


„Peugeot“ објави нови фотографии од моделот „308 GT“ заедно со некои нови детали за овој модел.
Француската компанија објаснува дека „308 GT“ ќе биде достапен во хечбек и караван верзии, а ќе понуди нов стил и мотори кои се ориентирани на перформансите со умерени модификации на шасијата.
Резултатот од тоа е одлично искуство со кое се доживува возењето, а на кое ќе позавидат и возачите кои бараат најголем степен на комфор.

Овој модел за прв пат беше прикажан за време на саемот во Париз минатата година, при што го карактеризираат новите „LED“ светла и покажувачи на правецот, лакираниот црн дифузор и „twin“ издувен систем.
Возилото има 1.6-литарски турбо мотор кој развива 202ks и 285Nm вртежен момент, односно со 2.0-литарски „BlueHDI“ дизел мотор кој генерира 178ks и 400Nm вртежен момент при 2000 o/min.
На возилото му се потребни 7.5 секунди до 100km/h со 1.6-литарскиот бензински мотор, односно 8.6 секунди со дизел верзијата. Просечната потрошувачка на бензинската верзија е 4.66 L/100km, а пак кај дизел верзијата е 3.33L/100km.