30 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG лани испорача речиси 60 милиони смартфони

LG лани испорача речиси 60 милиони смартфони

국내 첫 공개된 커브드 스마트폰 'G플렉스2'

Според последните податоци кои пристигнуваат од Јужна Кореја покажуваат дека „LG“ во 2014-та година има испорачано 59.6 милиони телефони ширум светот.

Станува збор за значително поголема количина во однос на 2013-та година, со оглед дека „LG“ таа година испорача 47.6 милиони телефони. Сепак, растот е очекуван, со оглед на зголемената продажба на мобилни телефони.

Со раст од 25.2% на годишно ниво, „LG“ претендира да стане третиот производител на смартфони во 2015-та.

Овој јужнокојрески гигант во 2014-та година се искачи на четвртото место, а пред него се „Samsung“ (28%), „Apple“ (16,4%) и „Lenovo“ (7,9%), додека зад „LG“ се наоѓаат „Huawei“ (5,9%) и „Xiaomi“ (5,2%).

Oд поинтересните телефони, „LG“ оваа година ќе ги претстави „G Flex 2“, како и „G4“. Не е сигурно дали овие телефони ќе ги видиме на саемот „Mobile World Congress“, затоа што некои шпекулации говорат дека тие ќе се појават нешто подоцна во текот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП