Корисникот на „Twitter“ – „@upleaks“ објави фотографија и детали за новиот паметен телефон од средна категорија кој наскоро би требало да го претстави „HTC“.
Новиот „HTC Desire 626“ засега го има кодното име „A32“, а би требало да биде достапен во две различни верзии. Едната верзија ќе биде со процесорот „MediaTek MT6572“ со осум јадра со такт од 1,7 GHz и 2 GB работна меморија, додека другата, помоќната верзија ќе го има „Qualcomm Snapdragon 410“ со четири јадра на такт од 1,2 GHz и 1 GB работна меморија.
Двата модели ќе имаат ист 5-инчен екран со резолуција од 1280×720 пиксели, една задна камера од 13-мегапиксели и една предна од 5-мегапиксели, 16 GB простор за чување на податоци (со можност за проширување со „microSD“ картичка), како и батерија со капацитет од 2000 mAh.
Оперативниот систем е „Android 4.4.4 KitKat“ во комбинација со интерфејсот „Sense“. Подоцна во текот на годината се очекува и надоградба на „Android 5.0 Lollipop“.