28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија во 5. коло на мегдан со Австрија

Македонија во 5. коло на мегдан со Австрија

rakomet

Македонската ракометна репрезентација последниот натпревар од групната фаза на Мундијалот во Катар го игра денеска против селекцијата на Австрија.

Во однос на денешниот противник нашата репрезентација има бод повеќе, па во борбата за второто место на Македонија и одговара и нерешен резултат.

Почетокот на натпреварот е во 17 часот, а претходно ќе биде завршен и дуелот од А група Шпанија – Словенија, по што ќе биде и познат ривалот на Македонија во осминафиналето.

Двојки 5. коло група Б: Македонија – Австрија, Тунис – Иран, Хрватска – Босна и Херцеговина.

Табела: Хрватска 8, Македонија 6, Австрија 5, Тунис 3, БиХ 2, Иран 0.

Двојки 5.коло група А: Бразил – Чиле, Словенија – Шпанија, Катар – Белорусија.

Табела: Шпанија 8, Катар 6, Словенија 6, Белорусија 2, Бразил 2, Чиле 0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП