29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWhatsApp отсега достапен и како web-апликација (видео)

WhatsApp отсега достапен и како web-апликација (видео)

ap whats

„WhatsApp“ пристигна и на компјутерите, барем за корисниците на мобилните апликации на „Android“, „Windows Phone“, па и „BlackBerry“.

Со користење на интернет пребарувачот може да се остварува комуникација, а во моментов тоа може да се реализира исклучиво преку „Chrome“.

Со пристапување на страната „web.whatsapp.com“ преку „Chrome“ се отвора „QR“ код, кој потоа е потребно да се скенира преку мобилната апликација. За неколку моменти се отвора прозорец со сите контакти и комуникацијата од „WhatsApp“.

Тогаш, мобилната апликација и таа во прелистаувачот се синхронизирани моментално.

Оваа функционалност на „iOS“ не е можно да се имплементира поради ограничувањата кои ги има поставено „Apple“ при изработката на апликацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП