29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата по сегашниот пад ќе се искачи до 200 долари...

Цената на нафтата по сегашниот пад ќе се искачи до 200 долари за барел

nafta kop

Извршниот директор на италијанската нафтена компанија „Ени“ Клаудио Дескалци изјави во Давос дека цената на нафтата, по сегашниот пад, ќе се искачи и до 200 долари за барел.

Дескалци кој учествува во работата на Светскиот економски форум во овој швајцарски зимски центар, во една од дебатите рече дека поради крајно депресираните цени, нафтената индустрија ќе ги намали капиталните инвестиции за десет до 13 отсто.

Тоа на подолг рок, би можело да предизвика и недостиг на нафта на светските пазари што ќе испровоцира остар скок на цената, која би можела да достигне ниво од сегашните 50 долари, до 200 долари за барел. Според Дескалци, тоа секако ќе може да се случи во следните неколку години, доколу ОПЕК не успее да спогоди околу скратувањето на снабдуањето.

Претседателот на британскиот нафтен гигант БП Боб Дадли, смета дека ниската цена ќе остане „најверојатно во текот на целата оваа година“. Но тој вели дека БП очекувала еден ваков процес и дека последниве години компанијата се подготвувала за сегашнава ситуација.

Дадли објаснува дека во периодот меѓу 2010 и средината на 2014 година цената на нафтата беше релативно стабилна и се движеше околу 110 долари за барел. Од јуни минатата година, меѓутоа, таа започна забрзано да опаѓа, па на крајот од минатата година нафтата беше поевтина за цели 60 отсто и сега се движи околу 48 долари за еден барел.

Депресијата на цената води кон откажување на инвестициите на БП во реонот на Северно Море, до стагнација на нафтената индустрија и до затворање на работни места, рече на форумот во Давос првиот човек на британската компанија Боб Дадли кој објасни дека кризата е присутна и на други локации.

Тој оценува дека ниската цена на нафтата ќе им создава проблеми на земји какви што се Венецуела, Нигерија и Ангола, но и на Шкотска, како и на Норвешка и Русија. ОПЕК засега опстојува на ставот дека не треба да се намали дневното производство на сурова нафта, како што тоа го заговараат дел од земјите во ОПЕК и нафтената индустрија.

Ставот на оваа организација на земјите производители на нафта е дека „ситуацијата брзо ќе се поправи и цената одново ќе се врати на нормалното ниво, па затоа, растот на цената не треба да се бара во намалување на производството“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП