Не сакате повеќе да купувате дополнителна скапа опрема за уредите за кои веќе многу сте платиле? Еве неколку едноставни „направи сам“ трикови со помош на кои можете да решите некои од секојдневните иритирачки проблеми.
Слушалките за телефон постојано ви се заплеткуваат? Потребно ви е само една поголема штипка за хартија и вашиот проблем ќе биде решен.
Разговарате на „Скајп“ или гледате видео и раката Ве боли од држење на телефонот? Се што ви треба е стара кредитна картичка, шнола или купија од аудио касета и можете да одморите.
Сакате да слушате музика, но го имате само телефонот при рака? На оваа видео снимка можете да видите како да направите импровизирани звучници од две пластични чаши и картонот од хартија за раце.