Листата на најпопуларни „Аndroid“ телефони за 2014-та, направен врз основа на „AnTuTu“ апликацијата, една од водечките за мерење на силата, брзината и перформансите на телефоните и таблетите, не изненади многумина.
Минатата недела „AnTuTu“ објави дека „Meizu MX4“ добил награда за најдобар телефон во 2014-та година, а сега најпопуларен „Аndroid“ смартфон е „Xiaomi Mi 4“, кој држи скоро 17 отсто од светскиот пазар.
На второ и трето место се „Samsung Galaxy Note 3“ и „Samsung Galaxy S5“, со 15.69 oдносно 15.55 проценти од пазарот.
На четврто место е „Xiaomi 3“ со 15.02 oтсто од пазарот, а потоа следи „ASUS ZenFone 5“ со 10.72 проценти од пазарот.
Листата покажува голема разлика и во процентуалната застапеност на пазарот меѓу првите три модели и сите други. Исто така, јасно е дека кинескиот пазар е во развој, како и дека во голема мера допринесува за глобално рангирање на светските производители, не само на „Аndroid“ уредите.
„Samsung“ е далеку пред сите останати, со оглед дека од овој бренд дури четири модели го заземаа првото место на листата 10 најпопуларни, а моделите кои досега не беа на оваа листа се „OnePlus“ и „Meizu“, кои исто така го потврдуваат фактот дека на кинеските производители им „цвета“ бизнисот.
„Andrioid“ кој е петти на листата на најпопуларни е „MEIZU MX 4“ (10.68), a следи „Samsung Galaxy Note 4“ (9.53), „OnePlus One“ (8.42), „Google Nexus 5“ (7.96) и „Samsung Galaxy 4“ (6.44).