13 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЛуѓето и натаму се неинвентивни - најупотребуваните лозинки во 2014-та

Луѓето и натаму се неинвентивни – најупотребуваните лозинки во 2014-та

pass 5

Минатата година беше обележана со неколку хакерски напади во големи системи, „паднаа“ „Sony“, „Apple iCloud“ и други, а по секој следеше апел за редовно менување и користење на квалитетни лозинки. Сепак, судејќи според оваа листа, луѓето и натаму не сериозно не ја сфаќаат сериозно безбедноста на интернетот.

Компанијата „SplashData“ објави листа на најпопуларни и најкористени лозинки во 2014-та година, а логично на прво место е неизбежната класика – 123456.

Ниту една буква, веројатно минимален број дозволени карактери и употреба на горниот лев дел на тастатурата, се и натаму омилен избор на корисниците на компјутери ширум светот, а на второ место е иновативната лозинка „password“.

Ниту остатокот од листата не е претерано изненадувачка, освен последните три места, кои јасно говорат од која земја „SplashData“ ги има податоците.

Еве ја целата листа:

123456

password

12345

12345678

qwerty

123456789

1234

baseball

dragon

football

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП