2 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle ќе вложи една милијарда долари во SpaceX

Google ќе вложи една милијарда долари во SpaceX

SpaceX-798x310

Американскиот интернет гигант „Google“ е подготвен да вложи милијарда долари во „SpaceX“, компанија за развој и производство на вселенски летала и возила, сопственост на Елон Маск, објави „Wall Street Journal“ повикувајќи се на информирани извори.

Вложувањето би се однесувало на проектот за пристап до интернет во оддалечените области по пат на мрежа на мали сателити во ниската орбита, пишува американскиот економски весник.

Оваа идеа во ноември ја објави Елон Маск, претприемач кој е и производител на електричните автомобили „Tesla Motors“.

„Google“ веќе имплементира некои програми од таков тип и притоа не користи сателити, туку балони како „IRC“ мрежа (проектот „Loon“) кој овозможува интернет пристап во руралните и оддалечените зони.

Во минатата година „Google“ го купи и производителот на соларни дронови „Titan Aerospace“.

Ниту „Google“, ниту „SpaceX“ не беа подготвени да ги коментираат наводите на „Wall Street Journal“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП