28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија на мегдан со Хрватска, Прибак неизвесен поради труење

Македонија на мегдан со Хрватска, Прибак неизвесен поради труење

pribak

Репрезентацијата на Македонија попладнево игра натпревар за првото место во групата Б на Мундијалот во Катар.

Нашите ракометари за противник ја имаат Хрватска, која на последното Светско првенство го освои третото место и бронзениот медал.

Проблем за македонскиот национален тим е тоа што вчера во болница поради труење, најверојатно од сладолед беше Немања Прибак.

Според доктор Никола Панчевски, кој е директор на репрезентацијата по добиената терапија (инфузија) состојбата е стабилизирана и дури денеска ќе се знае неговата здравствена состојба.

Против Хрватска „црвено-жолтите“ имаат одиграно само три официјални натпревари и забележано една победа, во 1996 година во Скопје во СРЦ „Кале“ 31:29, а тогаш Хрватите беа олимписки шампиони од Атланта.

Во следните два натпревара Македонија загуби, а едниот беше на Европското првенство во Италија 1998 година.

Натпреварот од 4.коло, Македонија – Хрватска се игра во „Духаил Арената“ во Доха со почеток
од 17 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП