Јужнокорејскиот технолошки гигант, „Samsung Electronics“ сака да развива партнерство со „BlackBerry“, но нема намера да го купува канадскиот производител на паметни телефони, според „Wall Street Journal (WSJ)“.
Според Џ. К. Шин, кој го предводи одделот за мобилни телефони на „Samsung“ и е извршен директор на компанијата, „Samsung“ води преговори за зголемување на употребата на технологијата на „Blackberry“ во своите уреди, но нема желба да ја купи компанијата.
Минатата недела двете компании ги негираа неодамнешните информации дека водат преговори за потенцијално стекнување.
Цената на акциите на „BlackBerry“ падна за 17% во четвртокот, откако компанијата негираше дека е предмет на стекнување.