21 април, 2025

Стаклен Galaxy S6?

s6 galaxy-s6-release111

Речиси секој ден во медиумите се појавува некоја нова шпекулација за следниот „Samsung Galaxy“ модел од највисоката класа, наследникот на моменталниот „S5“.

„Galaxy S6“ би требало да биде дизајниран „од нула“, а ако може да им се верува на претходните предвидувања, тој ќе има нешто поголем екран со повеќе резолуција. Што се однесува до куќиштето, се споменуваше и една од верзиите, дека би можело да биде и алуминиумско.

Најновите информации, кои пристигнуваат од Кореја велат дека „Galaxy S6“ ќе има целосно стаклено куќиште. Покрај на предната страна, стакло би требало да има и на страните на уредот, слично како што е во случајот со некои модели на линијата на „Sony“ – „Xperia“. Меѓу двете стаклени површини ќе се најде и алумиумска рамка, неименуван вработен на „Samsung“ изјави за домашните медиуми.

Меѓу останато, се споменува дека „S5“ сепак ќе доаѓа во две верзии, од кои едната ќе има екран заоблен на краевите на уредот, исто како моделот „Galaxy Note Edge“.

Околу датумот за претставување се уште нема никакви информации, а судејќи според традицијата, „Samsung“ би требало „Galaxy S6“ да го претстави за време на одржувањето на „MWC“ во Барселона, на почетокот на март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП