5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе зголемува јазот меѓу богатите и сиромашните

Се зголемува јазот меѓу богатите и сиромашните

rich-woman-poor-woman

Богатството сконцентрирано во рацете на најбогатите еден процент од населението, наскоро ќе биде поголемо од богатството на останатите 99 отсто од луѓето во светот, покажува истражувањето на хуманитарната организација „Оксфам“, јавува Би­Би­Си.

Во 2016 година богатството на најбогатите луѓе во светот ќе се зголеми за над 50 проценти.

Нивното богатство е зголемено од 44 проценти во 2009 на 48 проценти минатата година.

Извештајот на „Оксфарм“ предупредува дека „експлозијата на нееднаквост“ ја запира борбата против глобалната сиромаштија. Вини Буануими, изршен директор на „Оксфам Интернешенл“, го отвора прашањето дали луѓето сакаат да живеат во свет каде еден отсто од луѓето поседуваат повеќе од сите останати заедно.

„Јазот меѓу сиромашните и богатите се зголемува со неверојатна брзина“, изјави Буануими.

Од останатите 52 проценти од светското богатство, речиси 46 проценти е во рацете на остатокот од петината најбогати луѓе во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП