5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗDuster е најпродаван модел во групацијата Renault во 2014-та

Duster е најпродаван модел во групацијата Renault во 2014-та

dusteer

Нискобуџетните модели се најзаслужни за растот на продажбата на француската компанија и во 2014-та година.

Кога станува збор за Европа, најголем скок во продажбата забележа „Dacia“ која го зголеми својот пазарен удел на 2,5%.

Групацијата „Renault“, која покрај матичниот бренд ги опфаќа и компаниите „Dacia“ и „Renault Samsung Motors“, им испорача на купувачите ширум светот 2.712.432 возила, што претставува раст од 3,2% во споредба со 2013-та година.

Меѓутоа, кога овој резултат се анализира, ќе се види дека брендот „Renault“ има забележано благ пад во продажбата (-0,6%), додека „Dacia“ ја зголеми испораката за 19,1 oтсто од 429.596 автомобили во 2013-та, на 511.465 возила во 2014-та година.

dusteer1

Во Франција, „Dacia“ го зазема 5-то место на листата на најпродавани автомобилски брендови со 4,9% пазарен удел, додека во Шпанија учеството на пазарот на нови автомобили е зголемено за 4,7%, a во цела Европа 2,5%.

Глобално гледано, еден изворен модел на „Daсiа“ беше најпродаван автомобил на групацијата „Renault“ во 2014-та.

Станува збор за „Duster“, кој ширум светот е продаден во 395.350 примероци, од кои 234.883 се со знакот на „Renault“, a 160.467 со амблемот на „Dacia“.

Втор на листата најпродавани модели беше „Clio“ (378.526), додека трет е „Logan“ (Renault+Dacia=234.766 возила), a четврти е Sandero (Renault+Dacia=227.036).

Петти е „Renault Captur“ за кого се одлучиле 196.592 купувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП