18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на добивката на Goldman Sachs

Пад на добивката на Goldman Sachs

goldmangold696

Инвестициската банка „Goldman Sachs“ забележа пад на добивката од 10 проценти во четвртиот квартал минатата година, поради намалувањето на трговските активности.

Банката заработила 2,03 милијарди долари или 4,38 долари по акција, за три месеци заклучно со декември 2014 година, во споредба со профитот од 2,25 милијарди долари или 4,6 долари по акција остварени во истиот период една година претходно, пренесува агенцијата АП.

Од „Goldman Sachs“ потврдија дека забавувањето на активностите во секторот за основни приходи, трговија со валутите и стоката, доведе до пад на профитот, како и слабеењето на инвестициските активности на банката во областа на издавање на гаранции.

Вкупните приходи на оваа финансиска куќа достигнаа 7,69 милијарди долари, што е пад во однос на 8,78 милијарди долари една година претходно.

Аналитичарите очекуваа дека приодите на „Goldman Sachs“ ќе изнесуваат 4,32 долари по акција, односно 7,66 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП