5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW ја освежи „единицата“ (фото+видео)

BMW ја освежи „единицата“ (фото+видео)

kec

Четири години по премиерата, „BMW“ ја редизајнираше втората генерација на „Serieѕ 1“.

Редизајнот опфати значителни стилски интервенции на предниот и задниот дел од автомобилот, како и промени во палетата на мотори, кои се трицилиндарски бензински и дизели.

BMW“ ги освежи двата модели – со 3 и 5 врати, а првиот впечаток е дека автомобилот сега изгледа посовремено, но и дека благодарејќи на промената на светлосните групи ја загубиле досегашната автентичност:

Дизајнерите интервенирале на фаровите, кои добија динамична форма, додека маската на ладилникот е нешто поширока, а променет е и браникот.

„LED“ дневните светла од 2015-та ќе бидат стандарден дел од опремата, додека купувачите за прв пат како опција ќе можат да добијат фарови со комплетна „LED“ технологија.

kec1

Редизајнираниот „BMW Serieѕ 1“ ги загуби карактеристичните стоп-светла кои се наоѓаа на аглите на каросеријата.

Наместо нив, вградени се поголеми, дводелни светлосни групи од кои еден дел зазема површина на вратата на багажникот. Покрај тоа, нова форма доби и задниот браник на автомобилот.

kec2

„BMW“ во ентериерот го промени дизајнот на командите за радио и клима уредите, екранот на мултимедијалниот систем и уште некои украсни детали.

Во стандардната опрема меѓу останатото е и автоматска клима, сензорите за дожд, „BMW Radio Professional“ аудио и „iDrive“ системите, со редизајнирани команди пред менувачот, и 6.5 инчен дисплеј. Како опција, во понудата е и екран од 8.8 инчи и навигација.

kec3

Купувачите на располагање имаат бројни системи за асистенција, вклучувајќи ги „Active Cruise Control“ темпоматот и најновата генерација на системот за помош при паркирање (Parking Assistant).

„BMW Serieѕ 1“ oд 2015-та во понудата ќе има и нови, трицилиндарски мотори.

kec4

Oсновниот модел со бензински мотор, „BMW 116i“, е опремен со 1.5-литарски агрегат со 109 ks и 180 Nm максимален вртежен момент.

Kога станува збор за дизелите, 1.5-литарски мотор со три цилиндри со 116 ks и 270 Nm ќе биде вграден во моделите „116d“ и „116d EfficientDynamics“.

Покрај споменатите погонски единици, палетата на мотори ја сочинуваат уште и 1.6-литарски бензинец во верзии со 136 ks и 220 Nm (BMW 118i), и 177 ks и 250 Nm (BMW 120i), како и 2.0-литарски бензинец со 218 ks и 310 Nm (BMW 125i).

kec5

Што се однесува до дизелите, достапен е и 2.0-литарски мотор со верзии со 150 ks и 320 Nm (BMW 118d и 118d xDrive), oдносно 190 ks и 400 Nm (BMW 120d и 120d xDrive).

Најмоќниот дволитарски дизел мотор со 224 ks и 450 Nm, ќе биде во моделот „125d“.

kec6

Во врвот на понудата, како и досега, се наоѓа „M135i“ со 3.0-литарски шестцилиндарски бензинец кој е засилен со плус 6 „коња“, па така сега произведува 326 ks, додека максималниот вртежен момент и натаму изнесува 450 Nm.

Во верзијата со заден погон, „BMW M135i“ oд 0 дo 100 km/h забрзува за 5.1 секунди, aко моторот е поврзан со мануелен менувач, а за 4.9 секунди кога моќта се пренесува на тркалата со помош на осумбрзински автоматик.

kec7

Моделот со „xDrive“ погонот на сите 4 тркала, достапен е исклучиво со автоматски менувач, а забрзувањето до „стотка“ го постигнува во рок од 4.7 секунди.

„BMW Serieѕ 1“ зa 2015-та ќе има премиера на саемот во Женева, на почетокот на март, кога ќе биде познат и датумот за стартот на продажбата и цената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП