Европските регулатори веруваат дека Луксембург му давал незаконски даночни олеснувања на гигантот во интернет продажбата „Amazon“.
Тоа создава нов притисок врз претседателот на Еропската комисија, Жан Клод Јункер, поради договорите потпишани во време кога тој беше премиер на Луксембург.
Прелиминарните откритија на Комисијата поврзани со договорот помеѓу „Amazon“ и Луксембург од 2003 година се најновите детали во пошироката антимонополска истрага на Брисел околу даночните договори кои големите компании ги потпишале со земјите, пренеусва агенцијата Франс прес.
Истрагата поврзана со „Amazon“ има за цел да покаже дали даночните олеснувања кои Луксембург и ги одобрил на оваа компанија можат да се толкуваат како незаконска државна помош, која на компаниите им дава неправедна предност и е во спротивност со прописите на ЕУ кои ги штитат потрошувачите и конкурентноста.
ЕУ слични вакви истраги започна и околу договорот на „Apple“ со Ирска, „Starbucks“ со Холандија и „Fiat“ со Луксембург.