25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на нето профитот на Sberbank

Пад на нето профитот на Sberbank

sberbankjkfweuipty8943yt

Нето профитот на најголемата руска банка „Sberbank“ за 2014 година е намален за 19 проценти, на 305,7 милијарди рубљи (4,7 милијарди долари), се вели во извештајот на банката.

Во 2013 година нето профитот на „Sberbank“ според руските сметководствени стандарди изнесувал 377,6 милијарди рубљи, пренсува Тасс.

Банката објаснува дека главна причина за падот на профитот во 2014 година се значајните трошоци за резерви, исклучувањето од финансиските резултати на ревалоризацијата на девизните вложувања во зависните компании, како и признавањето од мај 2014 година на одложените даночни обврски во врска со измените на сметководствените правила.

Во 2014 година „Sberbank“ ги зголеми резервите за 3,8 пати во споредба со претходната година, на 397,7 милијарди рубљи. Во 2013 година банката имаше резерви од 104,8 милијарди рубљи.

Растот на резервите е една од причините за падот на годишниот нето профит на банката.

Корпоративното кредитно портфолио на „Sberbank“ за 2014 година е зголемено за 36,3 проценти на 11,690 милијарди рубљи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП