19 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC и Under Armour ги здружија силите

HTC и Under Armour ги здружија силите

under armor2225555

„HTC“ и „Under Armour“ најавија стратешкото партнерство со кое стануваат пионери во поврзувањето на мобилните иновации и спортските перформанси како подршка на спортистите низ целиот свет.

„HTC“ дизајнира серија на производи кои беспрекорно ќе функционираат со „UA Record“, најновото надополнување на „Under Armour Connected Fitness“ – најголемата фитнес мрежа во светот. „Under Armour“ ја лансираше „UA Record“ апликацијата и веб страната на овогодинешниот „CES“.

„UA Record“ е најновото надполнување на најцелосната фитнес мрежа во светот која ја вклучува колекцијата „MapMyFitness“ апликации која ги содржи и „MapMyRun“, „MapMyRide“ со преку 31 милион членови.

Петер Чоу, Генералниот директор на „HTC“, истакна:

under armor222

„Мобилните иновации целосно ги сменија животите на луѓето во последните години, поврзувајќи не повеќе од било кога. Сега сакаме да им помогнеме на луѓето да бидат подобро поврзани со себе си, да ги остварат своите цели и да добијат подлабоки сознанија за себе за да го дадат најдоброто од себе. Здружувајќи ги силите со „Under Armour“, еден од највозбудливите и амбициозни лидери во поддршката на спортистите, го преземаме првиот чекор преку кој ќе обезбедиме спектар на производи и услуги кои ги поврзуваат здравјето и фитнесот на начин на кој ниту еден друг бренд не може да го постигне“.

Робин Турстон од „Connected Fitness“, „Under Armour“ рече:

„„HTC“ е познат по својата бестрашна определност кон иновации, надополнета со внимание кон детаљи и премиум дизајн, карактеристики кои го прават идеален партнер за „Under Armour“ и „UA Record“. Користејќи ги овие заеднички вредности во нашата соработка, ќе им овозможиме на спортистите ширум светот надоградување на своите перформанси на поинтуитивен и поврзан начин од било кога порано“.

Иновација – тимска работа

under armor2

Тим дизајнери, спортски научници и спортисти од „Under Armour“ заедно со тимот на „HTC“ работат заедно со цел да ги задоволат високите очекувања на спортистите од целиот свет.

„Ова е нов правец за нас кој е неверојатно возбудлив. Сакаме нашите продукти да одговорат на потребите на секого – без разлика дали тренирате да го постигнете најдобриот личен резултат на следниот полумаратон или пак сте професионален спортист кој позади себе има цел тим од тренери. Досега, ниту една компанија не беше способна да го испорача ова ниво на поддршка. Чувствувам дека имаме огромна можност да го раздвижиме и забрзаме развојот на овој пазар“, вели Петер Чоу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП