7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC ја најави RE камерата што испорачува Live Streaming преку Youtube

HTC ја најави RE камерата што испорачува Live Streaming преку Youtube

htc-re-camera

„HTC“, глобалниот лидер во мобилни иновации и дизајн, денес објави „live streaming“ од својата нова „RE™“ camera до „YouTube“. Сега корисниците можат лесно да го споделат моментот преку поврзување на „RE“ камерата со нивниот „YouTube“ канал и испраќање линк за емитување во живо до гледачите низ целиот свет.

Достапна за уредите „Android“ од 9-ти јануари преку бесплатната надградба на апликацијата „RE“ во продавницата „Google Play“, новата можност за „live streaming“ им нуди на корисниците на „RE“ не само лесно да снимаат одлично видео, туку исто така и да ги споделат своите посебни мигови и омилени настани со оние кои не се присутни. Пријателите ширум светот или отсутните членови од семејството нема да пропуштат ниедно збиднување во живо. Бесплатната надградба исто така ќе биде достапна за „iOS“ подоцна во првиот квартал од 2015-та.

htc-re-camera1

Широкиот агол на „RE“ камерата и нејзините мали димезнии ви гарантираат дека вие и вашата „RE“ ништо нема да пропуштите. Со меморијата преку „microSD“ картичка, покрај „backup“ на вашиот смартфон и „cloud“, „RE“ е секогаш спремна да ги фати вашите драгоцени моменти.

Опцијата за „live streaming“ е едноставна за користење и згодна можност за да го добиете максимумот од вашето снимено видео, олеснувајќи го емитувањето на пијано концерт, нуркачка авантура, камера за надгледување на милениците и уште повеќе. Со апликацијата „RE“, се логирате на вашиот „YouTube“ канал и го активирате „live streaming“.

Штом ќе добиете потврда, емитувањето од вашата „RE“ е моментно. Секоја снимка во живо што сакате да ја споделите се пренесува директно од „RE“ до вашиот смартфон, кој потоа го испраќа вашето емитување до вашиот „YouTube“ канал. Поканете ги луѓето да го гледаат вашиот настан преку испраќање на вашиот линк за емитување во живо преку „SMS“ или преку социјалните мрежи. Дури и ако не можат да го гледаат во живо, линкот ќе продолжи да биде активен и откако емитувањето ќе заврши.

На гледачите не им треба „YouTube“ канал за го видат емитувањето, а „live streaming“ може да се емитува во „public mode“, со којшто видеата се достапни за сите што го имаат линкот или го откриле на „YouTube“, или во „private mode“, којшто го ограничува емитувањето само за тие со кои вие сте го споделиле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП