4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПобарувачката за моделот на Toyotа на водород ги надмина сите очекувања

Побарувачката за моделот на Toyotа на водород ги надмина сите очекувања

mirai

„Toyota“ соопшти дека за еден месец од продажбата на моделот „Mirai“ во Јапонија добила нарачки за 1.500 од овие возила, што е скоро четири пати повеќе од планираното годишно производство во оваа земја.

Интересот за првиот сериски модел на јапонскиот производител кој за погон користи водород, ги надмина сите очекувања.

Кога на 15-ти декември во Јапонија започна продажбата на овој автомобил, „Toyota“ објави дека до крајот на 2015-та ќе пласира 400 возила на овој пазар, односно 700 автомобили во целиот свет.

Во меѓувреме, само од Јапонија се добиени околу 1.500 нарачки. Од тие, 60 проценти се возила наменети за јавниот и владиниот сектор, додека 40 отсто од барањата се од индивидуални купувачи.

Непланирано големата побарувачка, сепак, создаде главоболка за менаџерите на „Toyotа“, затоа што поради недоволниот производен капацитет клиентите ќе мораат да чекаат подолго за испорака на автомобилите.

Цената на „Toyotа Mirai“ на јапонскиот пазар стартува од 7.236.000 јени (oколу 52.800 eвра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП