25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолку заработуваат милијардерите за секој ден од својот живот?

Колку заработуваат милијардерите за секој ден од својот живот?

billionaires11111

Во понеделникот (12-ти јануари) основачот на „Amazon“ Џеф Безос наполни 51 година. Тој е еден од најбогатите луѓе во светот, а неговото богатство се проценува на 28 милијарди долари.

Прашањето е – колку пари заработиле луѓето како Безос за секој ден од својот живот?

Знаеме дека состојбата на Безос не расте со иста стапка во текот на годините на неговиот живот, пишува „CNBC“. Но, ако се раздели богатството на деновите кои тој ги поминал на планетата Земја, ќе се добие дека тој заработува по околу 1.5 милиони долари дневно. А тоа воопшто не е лошо, нели?

Сепак, сумата не е ни половина, колку што заработуваат овие две лица, кои дури и не успеаја да го завршат Харвард. Тоа се основачите на „Microsoft“ и „Facebook“, Бил Гејтс и Марк Цукемберг, чие богатство расте со над 3 милиони долари дневно (3.74 и 3.06 милиони долари).

Токму тие двајцата ги заземаат првите позиции на оваа листа, пред мексиканецот Карлос Слим со 2.67 милиони долари, Ворен Бафет со 2.38 милиони долари и основачот на „Oracle“ Лари Елисон со 2.1 милиони долари.

Најбогатиот Европеец – основачот на „Zara“, Амансио Ортега, ја зазема шестата позиција со 2.04 милиони долари, а најбогатата жена Кристи Волтон има 1.96 милиони долари дневно.

Следат основачите на „Google“, Лари Пејџ и Сергеј Брин со 1.82 и 1.81 милиони долари на ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП