26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија промовирана во Холандија како земја на езера и квалитетно вино

Македонија промовирана во Холандија како земја на езера и квалитетно вино

yuju

Македонија четврта година по ред ја претставува туристичката понуда на саемот за туризам во Утрехт, Холандија кој се одржува од 13 до 18-ти овој месец.

Претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот го доближуваат туристичкиот производ од Македонија добро познат на холандските туристи, кои традиционално доаѓаат во посета на Охрид и околината за езерски, културен и вински туризам.

Како што соопшти Агенцијата за промоција на туризмот првиот ден на саемот, кој е отворен за бизнис средби беа остварени контакти со туристички работници и професионалци, како и со новинари и медиуми заинтересирани за информативни патувања во Македонија.

Македонскиот штанд беше посетен од амбасадорот на Република Македонија во Кралството
Холандија Игор Попов и економскиот промотор, Ведат Рушид.

– Од моментот кога обрнавме сериозно внимание на холандскиот пазар и настапивме со агресивна кампања и имаме квалитетно и редовно присуство на холандскиот пазар забележан е вкупен раст од над 550 проценти на туристи од Холандија, што е доказ дека мерката субвенционирање на туризмот, како и инвестирањето во маркетинг се исплатливи за Македонија. Ние очекуваме овој тренд на пораст на туристи да продолжи не само од Холандија, туку и од други држави од Европа и светот, изјави директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Кристијан Џамбазовски.

Македонскиот штанд беше посетен од продукт менаџерот на холандскиот тур оператор Корендон, Мелик Јетим кој изрази големо задоволство од поддршката и одличната соработка со Владата на Република Македонија и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

За земјите од Бенелукс, Владата на Македонија преку Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за организиран странски туристички промет во земјава дава субвенции во висина од 65 евра по турист.

Корендон, како што наведуваат во соопштението, бележи зголемување на аранжманите и за претстојната летна сезона со подигнување на чартери до Охрид почнувајќи од мај до средината на септември.

Во 2014 година имавме зголемување на бројот на туристи од земјите на Бенелукс кој изнесуваше околу 30.000 туристи и повеќе од 110.000 ноќевања.

На саемот во Утрехт се пристуни над 1.400 учесници од целиот свет и има повеќе од 100.000
посетители за пет дена.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, како што најавува овој и наредниот месец,
активно и континуирано ќе ја промовира Македонија како достапна и атрактивна туристичка
дестинација на саемите за туризам во Финска, Турција и Белгија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП