28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWizz Air со превезени 15,8 милиони патници во 2014 година, оствари пораст...

Wizz Air со превезени 15,8 милиони патници во 2014 година, оствари пораст од 17%

wizz

Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во централна и во источна Европа, денес објави дека превезе 15,8 милиони патници во 2014 година, што претставува пораст од 17% на бројот на патници од претходната година.

На крајот на годината, авиокомпанијата имаше летови со попуст за 106 дестинации во 37 земји, во вкупно 355 правци. Wizz Air поседува 54 авиони „Ербас А320“, со кои опслужува 18 оперативни бази во 10 земји во централна и во источна Европа. Претходно најавената база во Тузла, Босна и Херцеговина, ќе почне со работа во јуни годинава.

Јозеф Варади (József Váradi), главен извршен директор на Wizz Air, изјави: „2014 беше уште една одлична година за Wizz Air, обележана со опфат на повеќе земји и дестинации во повеќе правци од кога и да било досега. Ние превезовме 2,3 милиона патници повеќе отколку пред една година. Подготвени сме за понатамошен раст на нашата постојана флота, за проширување на мрежата во 2015 година и за превоз на повеќе патници по пониски цени во Централна и во Источна Европа. Се гордееме со нашиот придонес во економскиот развој на пазарите на кои сме присутни и со создавањето нови директни и индиректни работни места, кои се резултат на нашиот раст.“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП