4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови директни линии до шест европски градови

Нови директни линии до шест европски градови

avioni-letovi-

Од јуни нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ ќе воведе нови директни линии од Скопје и Охрид до неколку европски градови.

Од скопскиот аеродром „Александар Велики“ директно ќе се патува до Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен два пати неделно, а од аеродормот Св. Апостол Павле од Охрид, ќе има директен лет до Базел, исто така два пати неделно.

Договорот за финансиска поддршка за воведување на нови авионски линии од аеродромите во Скопје и Охрид за периодот од 2015 до 2018 година е потпишан денеска во Министерството за транспорт и врски.

Билетите за шестте нови дестинации ќе бидат пуштени во продажба во февруари.

Министерството за транспорт и врски истакнува дека со воведувањето на новите дестинации се зголемуваат можностите за патување на македонските граѓани и посета на атрактивностите што ги нудат овие градови во делот на туризмот, културните и спортски настани.

Покрај најавените шест нови дестинации, во изминатиот период преку Проектот за доделување на финансиска поддршка на нови авиолинии воведени се директни летови кон Малме, Базел, Милхаусен, Милано, Бергамо, Ајндховен, Дортмунд, Меминген, Минхен, Стокхолм, Гетеборг, Лондон­Лутон, Венеција, Франкфурт, Париз, Брисел, Келн и Рим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП