27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИB&H Airlines пред затворање

B&H Airlines пред затворање

C__Data_Users_DefApps_AppData_INTERNETEXPLORER_Temp_Saved-Images_TC-JLR-BH-Airlines-Airbus-A319-100_PlanespottersNet_220714

Авиокомпанијата на Босна и Херцеговина „B&H Airlines“ е пред затворање, и како што пренесуваат медиумите, еден авион е приземјен, а наскоро ќе биде приземјен и вториот.

На сајтот на авиокомпанијата е наведено дека еден од двата авиона е приземјен во Германија, а дека наскоро ќе биде приземјен и другиот.

Причините за затворање, како што се наведува, се политичките судири меѓу актуелната и претстојната федерална Влада и нивното однесување во поглед на интересот на единствениот национален авиопревозник, како и однесувањето на стратешкиот партнер „Turkish Airlines“.

„Кршењето на крилата започна одамна, со доаѓањето на стратешкиот партнер од Турција, „Turkish Airlines“, пишува порталот наведувајќи дека Турците повеќето договорени обврски не ги исполниле.

„Сите профитабилни линии ги земаа за себе, за што сведочи и фактот дека „B&H Airlines“ беше принуден да ја укине директната линија Сараево-Истанбул, додека „Turkish Airlines“ и приватната турска компанија „Pegasus“ денес на таа релација обавуваат повеќе летови неделно“, се наведува во соопштението.

Работниците на „B&H Airlines“ повеќе месеци немаат добиено плата, а придонесите, како што е наведено, не се платени години наназад, пренесуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП