5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШлаканица за банките од 52 милијарди долари

Шлаканица за банките од 52 милијарди долари

Earns Morgan Stanley

Големите европски банки во наредните две години би можеле да платат 52 милијарди долари на име на различни казни и судски трошоци, пишува анализата на „Морган Стенли“.

Aналитичарите на американската инвестициска банка наведуваат дека најголем казна ги очекува британските банки „Ројал бенк оф Скотланд“ и „Барклиз“.

Американските и европските банки од 2009-та година платиле 230 милијарди долари на име на судски трошоци, а до крајот на 2016-та година тој износ би можел да порасне за уште 70 милијарди долари, тоа главно за 20-те најголеми европски банки.

Како што додаваат, европските банки на име на тие трошоци досега платиле 104 милијарди долари и им преостанува платат уште 52 милијарди, пренесуваaт медиумите.

Најголем дел од тие казни, како што сметаат аналитичарите, се поврзани со манипулацијата на банките на девизните пазари, но со продавањето на сомнителни хипотеки во САД и осигурувања во Британија во последните пет години.

Регулаторните органи во ноември минатата година казнија шест банки со 4.3 милијарди долари, откако беше откриено дека манипулираат на девизните пазари.

Според проценките на „Морган Стелни“, „Ројал бенк оф Скотланд“, покрај платените 12.6 милијарди долари, ќе плати дополнителни 10.6 милијарди, додека „Барклиз“ ќе плати нови 8.3 милијарди, „ХСБЦ“ 7.7 милијарди, „Лојдс“ 6.1 милијарди, а германската „Дојче банк“ 5.1 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП