2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda (Acura) NSX за 2015-та година (фото)

Honda (Acura) NSX за 2015-та година (фото)

h nsx

По неколку години развој и исчекување, „Honda“ конечно ја претстави продукциската верзија на новата генерација на супер-спортскиот модел „NSX“. Автомобилот имаше светска премиера на саемот во Детроит, каде е прикажан како „Acura NSX“, додека верзијата со знакот на „Hondа“ ќе биде претставен во Женева.

Серискиот модел визуелно малку се разликува од концептот кој беше претставен во 2013-та година, но промените се случија во хибридниот погонски систем.

h nsx1

Наместо атмосферскиот „V6“ мотор, „Honda“ се одлучи да постави „twin-turbo V6“ кој според зборовите на луѓето од компанијата произведува преку 550 ks.

Oд концептот се превземени и три електрични мотори, а моќта се пренесува на сите 4 тркала со помош на „SH-AWD“ (Super Handling All-Wheel Drive) системот.

h nsx2

Honda (Acura) NSX“ е долг 4.470 mm, широк 1.940 mm и висок 1.215 mm, додека меѓуосовинското растојание изнесува 2.630 mm.

Напред се монтирани 19 инчни алуминиумски бандажи и гуми со димензии 245/35Z, додека позади се наоѓаат тркала со 20-инчи и гуми 295/30Z.

Внатрешниот рам на автомобилот е направен од алуминиум, челик со ултра висока цврстина и други материјали, а зајакнат е подот од јаглеродни влакна.

h nsx3

Надворешните панели се состојат од комбинација од алуминиум и челичен лим.

Во јапонската комапнија велат дека „во склад со филозофијата на оргиналниот „NSX“ модел и новата генерација е дизајнирана да овозможи максимално искуство при возење на спортски автомобил“.

h nsx4

Централно место во новиот „NSX“ модел зазема целосно новиот „DOHC V6“ мотор со два турбо компресори кои се поврзани со новиот деветстепен „DCT“ менувач.

Двата напред поставени електромотори ја пренесуваат моќта на предните тркала, додека третиот се наоѓа меѓу бензинскиот мотор и менувачот и заедно со нив ги придвижуваат задните тркала на автомобилот.

h nsx5

Возачот на располагање има 4 режими на возење: „Quiet“, „Sport“, „Sport+“ и „Track“, a секој од нив подразбира посебно подесување на бензинскиот и електричните мотори, менувачот, суспензијата, но и интезитетот на бучавата на бензинецот.

Производителот се уште не објави детали за перформансите на новиот „NSX“, a најавено е дека цената во САД ќе изнесува 150.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП