21 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple веќе работи на iOS 9? (видео)

Apple веќе работи на iOS 9? (видео)

ios 9 slika11111

„Apple“ во 2014-та година го претстави „iOS 8“, a една година пред тоа „iOS 7“.

Претпоставувајќи дека „Apple“ ќе го задржи ова темпо и распоред, како и традицијата за лансирање на голема надоградба на оперативниот систем секоја година, постои голема шанса веќе за време „WWDC 2015“ да го видиме следниот „iOS“, односно „iOS 9“.

Според најновите информации, „Apple“ веќе вредно работи на развојот на „iOS 9“. Овие информации се појавија во извештајот, во кој „Google Analytics“ го открива постоењето на „iOS 9“. Покрај овие информации, засега немаме детали за новиот оперативен систем.

Нормално, како и секогаш, можеме да се надеваме на подобрувања и нови функции. Кога „iOS 8“ е во прашање, се појавија информации дека „Apple“ планира наскоро да објави мало „iOS 8.1.3“ ажурирање. Оваа надоградба би можела да се појави во текот на оваа недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП