29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕуроимпекс увозник на Пежо за Косово

Еуроимпекс увозник на Пежо за Косово

euroimpeks

Македонската автомобилска компанија „Еуроимпекс“ стана ексклузивен увозник на автомобилите Пежо за Косово. Со најновото застапништво „Еуроимпекс“ е одговорна за Пежо брендот за четири земји од регионот.

„Ова од нас побарува да го мултиплицираме нашиот труд и вложувања во освојување на регионот, развој и стабилност. Сега го претставуваме брендот Пежо меѓу популација поголема од 11.500.000 луѓе, што е мошне сериозна бројка. Настојуваме и низ постигнатите резултати да ја оправдаме укажаната доверба од Automobiles Peugeot“, се вели во соопштението на Еуроимпекс.

Од компанијата истакнуваат дека целта им е и да формираат силна продажно­сервисна мрежа со која ќе се води грижа за сегашните и идните сопственици на Пежо возилата.

Еуроимпекс од 1 јули 2014 година, освен за Македонија, е генерален увозник и дистрибутер на брендот Peugeot за Србија и за Црна Гора, а на крајот на минатата година го доби и признанието на Супербрендс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП