6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПовеќе забава со новите Sony 4k телевизори со Аndroid TV

Повеќе забава со новите Sony 4k телевизори со Аndroid TV

sony-android-naslov

Гледањето телевизија станува уште подобро со новата BRAVIA™ линија на телевизори од Sony за 2015 година. Со дванаесетте нови 4K Ultra HD модели, имаме добра причина да бидеме возбудени – од сензационалниот квалитет на сликата во 4К, преку паметен телевизор кој комбинира Android TV и One-Flick Entertainment до ултра-тенкиот нов дизајн и одличен квалитет на звукот во висока резолуција.

sony-android-4

sony-android-5

4K Процесор X1 за најдобрата слика во 4К

Како новитет за оваа година, моќниот 4K Процесор X1 од Sony овозможува исклучително јасна слика без разлика на тоа дали гледате содржина во 4K, висока или стандардна дефиниција, или пак интернет видеа со ниска резолуција. Моќниот X1 чип е клучот за сензационалната 4К слика која е многу почиста, има брилијантни бои и висок контраст без разлика на тоа каква содржина гледате. Секој извор на содржина се обработува со цел да обезбеди фасцинантни детали во 4K. Видеата со стандардна и висока дефиниција се подобруваат во речиси целосен 4K квалитет. Што и да одлучите да гледате, содржината е прикажана со суптилни бои и префинети текстури. Шумот на сликата е намален и контрастот е динамично подобрен за појасни, врвни светли тонови и богати, длабоки црни тонови.

sony-android-2

Откријте еден нов свет со Android TV

Со Android TV, гледањето телевизија е попаметно од кога и да било досега. Замислете се она што сакате да го правите на вашиот таблет или телефон да може да го правите и на големиот екран. Sony Android TV го оживува сето тоа во вашата дневна соба, откривајќи ви свет на филмови, музика, фотографии, игри, пребарувања, апликации – сето тоа со фантастичниот квалитет на сликата и звукот од Sony.

Преку вградениот микрофон на далечинскиот управувач, може да користите гласовна контрола за да пребарувате содржина, поставувате прашања и да го контролирате вашиот телевизор. Со Google Cast™ Ready, може да испраќате содржина од вашиот паметен телефон или таблет на вашиот телевизор брзо, забавно и едноставно.

Никогаш не било поедноставно да го добиете најдоброто од BRAVIA, која ви ја приближува содржината, апликациите и многу повеќе со само еден допир. Земете го интуитивниот далечински управувач: One-Flick Entertainment ви овозможува да пребарувате ТВ канали, интернет видеа, фотографии и останата содржина, поудобно и полесно од кога и да било досега.

sony-android-1

Ултра-тенок нов изглед од најтенкиот 4K телевизор во светот

Оваа година BRAVIA не е само попаметна – туку и потенка. Исклучителниот X90C, дизајниран во нов “лебдечки стил” е тенок само 4.9 мм во најтенката точка. Благодарение на иновативните држачи за ѕид, кога ќе се постави на ѕидот, X90C изгледа како вистинско уметничко дело.

sony-android-5

Слушнете ги сите фасцинантни детали со звук во висока резолуција

Звукот во висока резолуција за прв пат се појавува кај телевизорите во овогодинашните модели X94C и X93C. Звукот во висока резолуција се однесува на било кое аудио кое има подобар квалитет од ЦД. Оживејте ја вашата музика со репродукција на суптилни нијанси и детали.

Благодарение на DSEE HX, звукот од било која содржина (без разлика на тоа што гледате) – дијалог, музика или пак нешто друго – автоматски се подобрува до ниво кое е речиси исто како звук во висока резолуција овозможувајќи ви подобар квалитет на звукот и задлабочување во искуството како да го слушате во живо.

Новите модели на BRAVIA 4K и Full HD телевизорите од Sony ќе бидат достапни во Европа од Февруари 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП