6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-AMG GLE63 S Coupe со 585 ks (фото)

Mercedes-AMG GLE63 S Coupe со 585 ks (фото)

gle63

„Mercedes“ ги објави техничките детали и фотографии на најмоќната верзија на својот купе-кросовер „GLE“ и сериозно му се закани на „BMW X6M“.

Германскиот производител во Детроит го претстави своето најсилно „оружје“ во класата на кросовери – моделот „AMG GLE63 S Coupe 4MATIC“.

gle631

Автомобилот под хаубата има 5.5 литарски „V8“ би-турбо мотор кој е во состојба да испорача 585 ks (430 kW) и максимален вртежен момент од дури 760 Nm.

Моќта се пренесува на сите 4 тркала со помош на седумбрзински автоматски менувач.

gle632

Возачот може да одбере еден од петте режими на возење, а распоредот на моќта помеѓу предната и задната осовина е 40:60.

Mercedes“ не објави податоци за забрзувањето до „стотка“, но со оглед дека автомобилот дебитираше на американскиот саем, соопштено е дека „GLE63 S Coupe“ oд 0 дo 96 km/h стигнува за 4.2 секунди.

gle633

Tоа е за 0.2 побавно во споредба со „BMW X6M“ чиј мотор развива 575 ks, oдносно 10 „коња“ помалку од конкурентот од „Mercedes“. Максималната брзина на двата модели е фабрички ограничена на 250 km/h.

„Mercedes“ својот спортски купе-кросовер го опреми и со бројни електронски системи, во кои спаѓаат „AMG Ride Control“ спортската суспензија со „Airmatic“ пакетот, „Active Curve“ системот кој ја контролира стабилноста на возилото, „Sports Direct-Steer“ системот на управување…

Aвтомобилот е поставен на 22-инчни алуминиумски бандажи со гуми од 285/40 напред и 325/35 позади.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП