20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСо овој смартфон никој нема да биде во можност да ве шпионира....

Со овој смартфон никој нема да биде во можност да ве шпионира. Еве зошто (фото+видео)

BOSS-Phone

„BOSS Phone“ би можел да стане најбезбедниот комерцијален паметен телефон на светот, тврдат неговите творци. Имено, овој уред е специјално дизајниран за да ја заштити безбедноста и приватноста на корисниците. Тој работи на „Android Lollipop“ во комбинација со софтверот „The Onion Router“.

„The Onion Router“ е „online“ мрежа која овозможува анонимност. Ова воедно ќе биде еден од најголемите паметни телефони на светот, затоа што има дијагонала на екранот од дури седум инчи, па многу лесно може да се смести во таблетите.

BOSS-Phone133

Со овој телефон, корисниците можат да прикачуваат фотографии, видео клипови, да користат апликации и испраќаат електронска пошта, без страв дека некој може да ги прислушкува и да надгледува се што прават на интернет.

„Onion Router“ (познат како „ToR“), користи голем број на слоеви на енкрипција кои помагаат во одбраната од шпионирање. „BOSS Phone“ се уште е во фаза на развој, а компанијата која стои зад него се обидува да собере пари за масовно производство преку страната „Indidegogo“.

Меѓутоа, користењето на „ToR“ е многу контроверзно со оглед дека него го користат криминалци и педофили со цел да ги замаскираат илегалните дејствија на интернет.

Се очекува дека „BOSS Phone“ во продажба ќе се најде во текот на есента, а тој ќе поддржува и две „SIM“ картички.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП