4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоевтин плин за автомобилите и за индустријата

Поевтин плин за автомобилите и за индустријата

plin tocenje

Плинот за автомобилите, односно течниот гас ЛПГ од денеска поевтинува за 3,5 денари по литар и наместо за 31,5 ќе се продава за 28 денари за литар.

За 5 денари пониска цена има и метанот кој сега се продава за 43 денари за килограм.

Намалувањето на цената на метанот се должи на поповолниот договор што Макпетрол АД Скопје го склучи со руската компанија Гаспром.

Според договорот, за 5,4 денари по нормален метар кубен се намалува и цената на природниот гас за индустријата со што наместо за 29,9 ќе се продава за 24,5 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП