1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGalaxy Grand Max, уште еден во низа

Galaxy Grand Max, уште еден во низа

grand gala 3

„Samsung“ неуморно се обидува да ја задржи титулата производител со најголем број на достапни модели на смартфони на светскиот пазар. Дека е тоа така сведочи уште едниот модел кој компанијата го подготви за домашниот (јужнокорејскиот) пазар – „Galaxy Grand Max“.

„Max“ доаѓа со екран од големина од 5.25 инчи кој го одликува „HD“ резолуција од 1280×720 пиксели. Работи на просецорот со четири јадра „Qualcomm Snapdragon 410“ со такт од 1,2 GHz, додека за потребите на оперативниот систем и апликации, „Samsung“ му подготви 1.5 GB RAM. Што се однесува до просторот за чување на податоци, „Max“ располага со почетни 16 GB кои лесно можат да се прошират за дополнителни 64 GB преку „microSD“ мемориска картичка.

Oвој модел на смартфон би можел најмногу да им се допадне на љубителите на селфи фотографиите, затоа што „Samsung“ на предната страна вгради широкоаголна камера со резолуција од 5 MP. На задната страна се наоѓа 13 MP камера која е опремена и со „LED“ блиц. Од дополнителните можности, задната камера располага со автофокус, детекција на лица и насмевки, гео-тагирање, „HDR“, како и панорамски режим.

Што се однесува до висината и ширината, „Max“ има 146×74.8 милиметри, додека дебелината на уредот изнесува 7.9 милиметри. Тежината на овој уред изнесува вкупно 161 грам. Батеријата на „Max“ има капацитет од 2.500 mAh, што со верзијата „KitKat 4.4.4.“, би требало да биде доволно во текот на денот без проблем да го користите телефонот.

Во продажба на домашниот (јужнокорејскиот) пазар ќе се појави за некој ден по цена од 290 долари, додека пристигнувањето на останатите пазари се очекува за нешто подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП