6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГалерија: Alfa 4C Spider (фото)

Галерија: Alfa 4C Spider (фото)

4c

„Alfa Romeo“ пред стартот на саемот за автомобили во Детроит ги објави фотографиите и техничките детали за спортскиот двосед „4C Spider“ кој наскоро ќе се придружи на купе верзијата во продажните салони.

„Alfa 4C Spider“ наместо цврстиот неподвижен покрив сега има платнен, а кабриолет верзијата се разликува од купето и по недостатокот на големите задни стаклени површини.

4c1

Наместо тоа, зад возачот и сувозачот поставен е заштитен лак во случај на превртување на автомобилот, на кој продолжува спојлерот.

Стоп-светлата се опремени со „LED“ технологија, а како опција на купувачите им е достапен изборен спортски издувен систем од компанијата „Akrapovič“.

4c2

Во понудата се и редизајнирани алуминиумски бандажи со димензии од 17 до 19 инчи, во комбинација со сребрена, жолта или црна сопирачка.

Купувачите можат да изберат меѓу седум бои на надворешноста на автомобилот, шест опции на дезени во ентериерот и два вида на материјал на навлаките.

4c3

Конструкцијата на подвижниот покрив и заштитните елементи се причина „4C Spider“ да биде потежок само 10 kg во споредба со купе верзијата.

Автомобилот е опремен со „Alpine“ аудио системот, а наместо класичната инструмент табла возачот сите потребни податоци ги добива преку седуминчниот дигитален екран.

За погон е употребен истиот четирицилиндарски 1.75-литарски турбо-бензинец кој произедува 240 ks (177 kW) и 350 Nm максимален вртежен момент.

4c4

Моторот е поврзан со менувач со двојно квачило, додека командите за мануелна промена на степените на пренос се наоѓаат на воланот.

Oд 0 дo 96 km/h (0-60 милји на час) „Alfa 4C Spider“ стигнува за 4.1 секунда, а максималната брзина на автомобилот изнесува 258 km/h.

„Alfa Romeo 4C Spider“ ќе има светска премиера на детроитскиот авто-саем, додека европските љубители на автомобили ќе можат да го видат во март на саемот во Женева.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП