19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБензините и дизелот поевтинуваат до 1,5 денари

Бензините и дизелот поевтинуваат до 1,5 денари

benzinite

Бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат до 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросуперот БС ­ 95, Еуродизелот и естра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а Еуросуперот БС ­ 98 за 1 денар.

Еуросуперот БС ­ 95 ќе се продава за 60,50 ден/лит, Еуродизелот за 51 ден/лит, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 40 ден/лит.

Малопродажната цена на Еуросуперот БС­98 ќе изнесува 62,50 ден/литар.

Цената на мазутот М­1 НС се намалува за 1,556 ден/кг и ќе се продава за 22,892 ден/кг.

Намалувањето на нафтените деривати се должи на пониската цена на нафтата на светските берзи и на тоа што курсот на денарот бил повисок во однос на доларот во изминатиот 14­дневен период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП