28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП објави нова листа на должници

УЈП објави нова листа на должници

rere

Управата за јавни приходи објави нова Листа на должници која опфаќа физички и правни лица со долгови доспеани до 30 септември 2014 година и неплатени до 31 декември 2014 година, а по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата се должници за кои вкупниот износ на долг е над 120.000 денари за физичките лица и самостојните вршители на дејност и над 300.000 денари за правните лица.

Меѓу должниците се големи фирми од индустријата, градежништвото, сервиси, агенции за
обезбедување… Три скопски компании имаат највисок долг од по 1.121.522.391 денари по однос на ДДВ, а меѓу физичките лица со највисок долг од по скоро 300.000 денари се кавадарчанец и скопјанец.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци за долговите по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување, може да се обрати до надлежната регионална дирекција на УЈП.

За објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз, граѓаните и фирмите можат да се обратат до Царинска управа -Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа.

Објавувањето на листата на должници се прави еднаш месечно, најдоцна до 10-ти во месецот.

За секој должник ќе бидат исклучени долговите кои се утврдени со даночни акти, а за кои се води управна или судска постапка, како и долгови за кои е одобрено одложено плаќање.

Листата можете да се најде на следниов линк .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП