6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAdria Airways повторно понудена на продажба

Adria Airways повторно понудена на продажба

adria prodazba

Словенечкиот државен холдинг (SDH) oбјави дека потпишал договор за заеднички настап, според кој ќе стартува со продажба на 91.58 проценти од акциите на националната авиокомпанија „Adria Airways“.

Договорот за заедничкиот настап во новиот обид за продажба го потпишаа „SDH“, кој управува со државен имот, државниот фонд „PDP“ и т.н. лоша банка, државната установа која управува со лошите побарувања, комерцијалните банки, па и оние кои се доверители на „Adriа Airways“.

Првиот обид за продажба на компанијата, во која најголем сопственик е државата, пред три години не беше успешен.

Сопственичкиот удел на државата во компанијата е скоро 70 проценти, а во новата продажна постапка учествуваат и најголемиот дел од останатите сопственици, кои заедно со државата, имаат вкупно 91.58 отсто од словенечката национална авиокомпанија.

Раководството на „Adria Airways“ смета дека во случај да се пронајде стратешки купувач, најреално е тоа да биде некоја компанија од Европската унија, бидејќи, според европските прописи, компанија од некоја трета држава неможе да превземе повеќе од 49 проценти удел во националната авиокомпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП