19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРусија би можела да ја чини многу Raiffeisen

Русија би можела да ја чини многу Raiffeisen

Raiffeisen-bank-russia333

Загубата на „Raiffeisen Bank International AG“ (RBI) би можела да го надмине предвидениот максимум од половина милијарда евра во 2014-та година, доколку биде принудена да ја отпише вредноста од рускиот бизнис.

„RBI“ објави дека состојбата во нивната руска подружница, досегашниот главен генератор за заработка, може да се влоши и дека тие ќе бидат принудени да ја погледнат неговата книговодствена вредност со оглед на слабоста на рубљата и руските економски проблеми.

„Доколку не дојде до промени во сегашниот нематеријален имот на „Raiffeisen“ – Русија, очекуваме дека загубата во 2014-та нема да надмине 500 милиони евра“, изјави извршниот директор на банката, Карл Севелда.

Според изјавата Севелда банката ќе ги зголеми зацртаните заштеди до 2016-та година од 600 на 650 до 700 милиони евра и тој најави можност за повлекување на банката од еден или повеќе странски пазари, но таа можност не ја објасни детално.

RBI“ моментално работи во матичната Австрија и во уште 15 земји од средна и источна Европа, а има подружници и во други земји.

Банката минатата година имаше големи проблем во работењето, како последица на случувањата во Украина и Унгарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП