2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЈеер продаде преку милион возила во 2014-та

Јеер продаде преку милион возила во 2014-та

jep prodazba 35

„Jeep“, кој е во сопственост на групацијата „FIAT Chrysler Automobiles“ (FCA), на купувачите во 2014-та година ширум светот им испорача 1.017.019 возила, а со тоа трета година по ред го подобрува сопствениот рекорд во продажбата на возила.

Во споредба со 2013-та, кога „Jeep“ продаде 731.565 автомобили, испораките во 2014-та се зголемени за дури 39%. Кај американскиот производител велат дека 2014-та е петта година по ред во која „Jeep“ бележи раст во продажбата на домашниот пазар, така и на глобално ниво.

„Особено сме задоволни со начинот на кој новиот „Jeep Cherokee“ е прифатен на пазарот, но и од фактот дека секое возило од програмата на нашиот бренд забележа значителен раст во продажбата во светот“, изјави претседателот и извршен директор на „Jeep“, Мајк Менли.

Покрај растот од 39% на глобално ниво, продажбата на брендот „Jeep“ во САД во 2014-та година е зголемена за 41%, на 692.348 возила.

Продажбата на моделите на „Jeep“ во Европа порасна за 65%, a во азиско-пацифичкиот регион за 42%, додека во Кина испораките се зголемени за 49%.

Во 2014-та година најдобро се продаваа моделите „Grand Cherokee“ (279.567 единици), „Cherokee“ (236.289), „Wrangler“ (234.579), „Compass“ (134.629) и „Patriot“ (122.387).

„Ќе се обидеме да продолжиме со добрата продажба и во текот на 2015-та година со комплетната линија на „SUV“ возила, влучувајќи го и целосно новиот модел „Renegade“, кој ќе се појави во продажните салони ширум светот“, велат од „Jeep“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП