12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРекорден награден фонд на Australian Open

Рекорден награден фонд на Australian Open

aus open45

Наградниот фонд на овогодинешното издание на „Australian Open“ ќе биде 40 милиони австралиски долари (32.75 милиони американски долари), што е нов рекорд во историјата на турнирот.

Денес организаторите на првиот турнир во годината од Гренд слем најавија дополнително зголемување, што се должи на падот на курсот на австралискиот долар. Во декември тој падна со 4,1% и го достигна најниското ниво по повеќе од пет години во однос на американскиот.

Првично беше предвидено наградниот фонд да биде 30 милиони долари, што е за 3.2 милиони повеќе во однос на минатогодишното издание. Организаторите сепак износот го кренаа со уште 10% за да им компензираат на играчите за курсот на домашната валута.

„Вложивме големи напори за да обезбедиме дополнителни средства, со што може да се гарантира дека тенисерите нема да бидат оштетени од најслабиот австралиски долар во моментов“, коментира извршниот директор на австралиската тениска федерација, Крег Тајлан.

„Ние го почитуваме нашето ветување на играчите дека ќе продолжиме да бараме секакви начини и средства, за да биде се правилно. Ова вклучува и зголемувањето на наградниот фонд, така и намалувањето, каде што е можно, отстранување на трошоци поврзани со учеството во нашите турнири“, додаде тој.

Australian Open“ ќе се одржи помеѓу 19-ти јануари и 1-ви февруари во Мелбурн. Победниците во сингл кај мажите и жените ќе освојат по 2.5 милиони за титулата, а оние кои ќе загубат во првиот круг, ќе си заминат со 28.000 долари.

Рекордот за најголем награден фонд го држи минатогодишниот „US Open“ – 38.35 милиони долари. „Вимблдон“ подели 37.8 милиони долари во 2014-та година, а „Ролан Гарос“ – 29.5 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП