27 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИБатериите ќе ги полниме за две минути! (видео)

Батериите ќе ги полниме за две минути! (видео)

baterija 2 minuti

Наскоро помалку ќе се грижиме за батериите на нашите телефони, затоа што тие ќе можат да се наполнат за помалку од две минути!

Израелската компанија „StoreDot“ минатата година претстави прототип од својот ултрабрз полнач, кој во лабораториски услови беше доста подебел од телефонот, а на „CES“ сега прикажаа уред кој е многу блиску до реалноста.

Новиот прототип е помал и нема многу дебелина на телефонот, а батеријата на „Galaxy S5“ на тестот ја наполни за помалку од две минути. Дорон Мајерсдорф за „Mashable“ изјави дека имале целосно различен пристап во правењето на батериите. Не се фокусирале на зголемување на капацитетот, тука на промена на интерната структура со цел таа да може бргу да се полни. Данокот за тоа се плаќа на капацитетот, затоа што таа што ја прикажаа ќе се испразни за пет часа подоцна. Но, при ваквата брзина на телефонот два или три пати на ден нема да биде проблем.

„Ова е дизајн кој се обидува да направи нешто што претходно не ни беше цел. Никој не размислуваше за тоа да ни нуди помалку енергија, туку сите сакаа поголем капацитет“, вели Мајерсдорф.

Но, оваа батерија е посакпа и телефонот би требало да чини 50 долари повеќе. Проблем е што вградувањето на ваквите батерии значи и одредени промени во дизајнот. Мајерсдорф е оптимист, затоа што веќе преговараат со водечките компании, а „StoreDot“ има планови и нивната батерија да се вгради во други уреди, како возилата.

Оваа компанија планира дека до 2017-та година нивните батерии би можеле да имаат и енергетска густина (количина енергија по килограм), еднаква на литиумските батерии. Досега имаат собрано 48.5 милиони долари, а 10 милиони од нив ги вложил и Роман Абрамович.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП