КОМПАНИИ

Coca-Cola отпушта 1.800 работници ширум светот

Coca-Cola logo

Американскиот производител на безалкохолните пијалоци „Coca-Cola“ вчера најави укинување на околу 1.600 и 1.800 работни места ширум светот, постапка која е дел од процесот за намалување на трошоците.

„Coca-Cola“ за отказите веќе започна да ги известува работниците во САД, но и во уште неколку свои меѓународни филијали“, се наведува во соопштението на американската компанија, пренесува агенцијата АП.

Оваа компанија има 130.600 работници во целиот свет, според проценките на истражувачката компанија „Фактсет“.