4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАpple патентира флексибилен iPhone

Аpple патентира флексибилен iPhone

vitka iphone

Четири месеци по случајот „Бендгејт“, кога интернетот беше преплавен со слики на свиткани „iPhone“ уреди, „Apple“ објави дека има намера да го патентира производството на паметен телефон кој намерно се свиткува.

Тоа сепак не значи дека наскоро ќе можеме да си купиме таков смартфон, „Apple“ има илјадници патенти и секоја година поднесува барања за нови, како начин да се обезбеди против конкуренцијата.

Патентот за покажување телефон е под број 8.929.085 во САД. Компанијата теоретски би можела да произведува телефони со „флексибилни“ делови од тенок метал, пластика, силикон или друга материја.

vitka iphone1

„Со ова сакаме да покажеме дека телефоните може да се поотпорни на штета од вметнување во џеб или во друг случај, кога се под притисок“, се вели во документацијата од патентот.

Интересно е дека неколку компании веќе имаат произведено таков телефон. Оваа недела „LG“ го претстави моделот „LG G Flex 2“ во Лас Вегас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП