27 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигна новата серија Galaxy E

Пристигна новата серија Galaxy E

e serija galaxy

Се чини дека со плановите за намалување на бројот на достапни уреди на пазарот не се запознаени сите вработени во „Samsung“. Барем оние кои се задолжени за креирање на нови модели, затоа што „Samsung“ ја претстави новата „Galaxy E“ серија која се споменуваше на почетокот на декември.

Новата „Galaxy E“ серија моментално ја сочинуваат два уреди – 5-инчниот „E5“, како и 5.5-инчниот „E7“ кои доаѓаат со алуминиумско куќиште со дебелина од 7.3 милиметри. Покрај различните димензии на екранот, двата имаат иста резолуција од 1280×720 пиксели.

„Galaxy E5“ е т.н. почетен модел на серијата, а работи на процесор со четири јадра „SoC“ со такт од 1,2 Ghz, има 1.5 GB RAM и 16 GB интерна меморија. Вградените камери имаат резолуција од 8 MP (задна) и 5 MP (предна). „Samsung“ овој модел го опреми со батерија со капацитет од 2.400 mAh.

„Galaxy E7“ може да се смета како понапреден модел, како поради поголемиот екран, така и по подобрите компоненти. Овој модел исто така има процесор со четири јадра „SoC“ со такт од 1,2 Ghz, но располага со поголема работна меморија (2 GB), како и подобри камери (13 MP и 5 MP) и подобра батерија (2.950 mAh).

Иако верзијата „Lollipop“ на „Android“ веќе некое време е со нас, „Samsung“ серијата „Galaxy E“ ја опреми со постарата „KitKat 4.4.4.“ верзија која со текот на времето ќе биде надоградена на „Lollipop“. Смартфоните наскоро би требало да се појават во продажба по цена од 305 (Galaxy E5) и 363 (Galaxy E7) долари.

Детални спецификации за двата модели се достапни на официјалната интернет страна на компанијата „Samsung“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП