7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHeineken ќе гради фабрика во Источен Тимор

Heineken ќе гради фабрика во Источен Тимор

heineken-sells-more-than

Холандскиот производител на пиво „Heineken“ оваа година ќе започне со изградбата на фабрика во Источен Тимор, островска држава во југоисточна Азија, соопштија од оваа компанија.

„Heineken“ потпиша договор со владата на Источен Тимор за изградба на фабрика во која ќе бидат инвестирани меѓу 30 и 45 милиони долари“, се наведува во соопштението на сингапурската филијала на „Heineken“, каде се додава дека во фабриката ќе се произведува пиво, безалкохолни пијалоци и вода, пренесува агенцијата Франс прес.

Според соопштението на „Heineken“, изградбата на фабрика во близина на престолнината на Источен Тимор, Дилија, ќе започне оваа година, а се очекува дека ќе овозможи отворање на 1.000 работни места.

Источен Тимор е сиромашна островска земја која повеќе од две децении беше под окупација на Индонезија, а во 2002 година се избори за својата независност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП