2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAвтомобилот на Mercedes без возач (фото+видео)

Aвтомобилот на Mercedes без возач (фото+видео)

MercedesAuto

„Mercedes“ на саемот за потрошувачка електроника – „Consumer Electronics Show“ во Лас Вегас го претстави своето возило „F015 luxury in motion“, кое може да се движи без возач.

Станува збор за првиот концепт на автомобил на струја, опремен со електроника, кој е долг пет, а широк 1.5 метри, има футуристичка и заоблена форма.

MercedesAuto1

Патниците во возилото на располагање имаат шест екрани на допир, кои се поставени на сите врати, а можат да се користат, на пример, за сурфање на интернет или друштвените мрежи.

Германскиот прототип има четири седишта кои ротираат и се поставени како во салон. Системите за движење овозможуваат команди од далечина. „Mercedes“, сепак, го задржа воланот за да може возачот да го превземе управувањето на возилото кога тоа ќе го посака.

MercedesAuto2

Друга карактеристика е тоа што возилото, исто така, „комуницира“ со средината околу себе поради мануелно или автоматско управување. Тоа може и да реагира на движење на пешаците пред возилото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП